Панче и Невена од „Мањифико“ се послушни пензионери, ја почитуваат препораката за два часа шетање – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/20 1:25 PM

Панче и Невена од „Мањифико“ се послушни пензионери, ја почитуваат препораката за два часа шетање

Панче и Невена Кочовски од некогашната група „Мањифико“ своите пензионерски денови ги поминуваат почитувајки ги препораките за заштита од коронавирусот. Тие секој ден максимално ги користат двата часа, определени за пензионерите, кога смеат да излегуваат и тоа со заштитни маски.

-А кога излегуваат максимално ги почитуваат препораките. Излегуваат со заштитни маски, не се мешаат со други, ќе прошетаат и ќе се вратат дома. Често и јас ги придружувам. Кога почна полицискиот час, јас и сестра ми побаравме дозволи за движење, но ми дадоа само мене, бидејки следувало на еден од семејството. Така, одам кај нив, им купувам се што им е потребно. Значи со нив сум за време на полициски час, ако е потребно и за не дај Боже и за дај Боже. За се.  И

 Прошетка низ скопската населба Кисела Вода 

на нив, како и на сите им пречи што седат дома, но го користиме периодот од два часа, од 10 до 12 часот максимално. И покрај тоа навистина му благодарам на Бога што се добри и што се умни, вели нивната ќерка пејачката Лидија.

  Некогаш сами, некогаш во друштво со ќерката Лидија