Мене ништо ми се нема сменето, вели пејачката Лидија Кочовска, која самоизолацијата ја поминува дома или кај нејзините родители.
-Самоизолацијата ме тера на позитивно, но не позитивен тест, туку позитивно однесување, ме тера на смеење и разположение. Пушта музика до даска. Порано немав време ама сега правам еден куп работи. Можеби предност е што живеам сама, па немам со кого да се „заколам“, бидејки сведоци сме на разлика во генерации, па им е тешко да седат заедно дома. Ништо не ме плаши, што треба да биде ќе биде и мислам дека ова е многу повеќе помпа отколку релано, вели пејачката.
Зборувавме додека таа дома чистеше, како што вели велигденска генералка.
-Се правев, читаа книги, прередував плакари, си ги делам обрските, да имам секој ден по нешто. Еве сега генералка, чистење пред Велигден. Јајца годинава не вапцам, има кој да ми вапца. Ова година за тоа се задолжени сестра ми и наша Руска. Тие ќе вапцаат за сите и за моите. Абе се е исто, разликата е што годинава не одиш по куќи не тераш гости. Ама убаво се чувствуваш кога ќе украсиш,па не мора некој да ти дојде. Си украсуваш за себе. Сакам шарени бои иако црвената е симбол. Лошо е што не можеме да одиме во црква но тоа е тоа, вели Лидија и додава дека подобро е да гледа филмови гледам и да чита книги, отколку да седи по социјалните мрежи.