На подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на 16 лица им се издадени решенија за изолација, a 27 потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се 101 контролa над лица во изолација и 212 над лица во самоизолација.
Забраната за движење не ја почитувале шест лица , истите се приведени. Поднесени се 11 кривични пријави по чл.206 од КЗ. Контролирани се вкупно 179 објекти.
На 15.04.2020 во 14.10 во Полициската станица Кочани, вработена во Одделот за граѓански работи при МВР во Штип, пријавила дека околу 13.50 часот, додека преземала службени дејствија во станица за технички преглед во Кочани, бил нарушен јавниот ред и мир од страна на Д.С., кој се однесувал агресивно кон неа. Се работи на комплетирање на случајот и против Д.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.


