Северина синоќа уапсена во Белград – пејачката го прекршила полицискиот час – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/20 6:47 AM

Северина синоќа уапсена во Белград – пејачката го прекршила полицискиот час

Познатата балканска фолк-пејачка Северина Коиќ синоќа била уапсена во Белград за време на полицискиот час поради коронавирусот, јавуваат српските медиуми. Таа била сопрена од полицијата околу 21 часот на улицата „Партизанска авијација“ кај трговски центар во Белград. Била во автомобил со загрепски регистарски таблички.

Полицијата утврдила дека нема дозвола за движење за време на полицискиот час, па пејачката била приведена во полициска станица, а потоа однесена и пред судија зе прекршоци. Ќе биде процесуирана по кратка постапка. Паричната казна за таков прекршок била од 50.000 до 150.000 динари.

„Ако повторно направам таков пекршок, казната ќе биде затвор, но до тоа сигурно нема да дојде“, напиша Северина на социјалните межи.