Коронавирус: Во САД за еден ден починаа 1.800, во Франција повеќе од 1.400 луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/20 6:04 AM

Коронавирус: Во САД за еден ден починаа 1.800, во Франција повеќе од 1.400 луѓе

Според последните податоци од синоќа, бројот на заболени од коронавирус во светот надмина 2.080.000, од кои, најмногу се во САД – околу 630.000. Бројот на излекуваните, пак, е околу 510.000. Бројката на починатите се зголеми на 135.000, а и вчера најмногу починати имало во САД – 1.800 и во Франција – 1.438. Во САД досега има околу 30.000 починати од Ковид-19, во Италија повеќе од 21.000, во Шпанија повеќе од 18.000, во Франција – 17.000, Велика Британија – 13.000…

Во Македонија до вчера бројот на заболените се зголеми на 974, а на починатите на 45. Од другите балкански земји – во Хрватска има 1.740 заразени и 33 починати, во Босна и Херцеговина – 1.115 заразени и 42 починати, во Косово 423 заразени и деветмина починати, а во Турција бројот на заболените достигна до 70.000, а на починатите на 1.518…