За Куманово: „Прошета се Јовка, низ тој поље кумановско“, Мартин и Стефан со песна порачаа да се седи дома за заштита од зараза – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/20 9:36 PM

За Куманово: „Прошета се Јовка, низ тој поље кумановско“, Мартин и Стефан со песна порачаа да се седи дома за заштита од зараза

Браќата Стефан и Мартин Филиповски од дуото „Некст тајм“ продолжуваат со музика да ја праќаат пораката -Седетедома.  Заедно со композиторот Николче Мицевски повторно ја преработија „Нешто ќе те питам бабо“, а на нивната Фејсбук  страна има низа песни од италијански канцони, со познати хотови со кои тие го држат вниманието како „Bed roses“, „ Soldier of fortune“ и други.

-Николче Мицевски е човекот кој стои зад аранжманите на нашите обработки за песните –„Ја излези Ѓурѓо“ , „Слушам кај шумат шумите“ ,„Нешто ќе те питам бабо“, „Јовка Кумановка“ и следните кои доаѓаат. Останете дома ,од нас зависи, да го победиме што е можно побрзо Корона вирусот . Додека не го победиме се надеваме дека на овој начин ќе ви го свртиме малку вниманието кон музиката и позитивните работи што овој свет ги поседува…. StayHome , велат Мартин и Стефан.

А за сите од Куманово, песна од нивниот крај..

https://www.facebook.com/nexttimeband/videos/337137417244559/