На 27 јуни требаше да започне најголемата велосипедска трка на светот, а да заврши на 19 јули на „Елисејските полиња“ во Париз. Но, за жал, пандемијата на коронавирусот одложи уште еден масовен спортски настан со огромна традиција.
Ситуацијата со коронавирусот во Франција ги натера тамошните власти да ја продолжат забраната за групни собирања најмалку до средината на јули. Опцијата за одржување на тронеделната трка без публика, веднаш беше одбиена од страна на организаторите, затоа што не сакаат да ја нарушат 117 години традицијата и историјата на овој настан, проследен со публика и навивачи.
Во 1946 година, непосредно по завршувањето на Втората Светска војна, за последен пат е одложена трката, бидејќи Франција заздравувала од последиците војната.