Вчера во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Климент Охридски“, во аптека, маскирано лице заканувајќи се со нож од вработената ги одзело парите од дневниот промет.
– По преземени мерки од полициски службеници, поради основано сомнение за извршување на споменатото кривично дело, биле приведени Р.А.(30), С.Ѓ.(20) и В.А.(20) сите од Штип, кои биле со возило „голф“, со штипски регистарски ознаки. При извршениот преглед кај Р.А. била пронајдена и марихуана, се вели во соопштението од МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.