Имајте го дома. Масло кое брзо убива вируси и бактерии – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/20 6:30 AM

Имајте го дома. Масло кое брзо убива вируси и бактерии

Го викаат убиец на вируси и бактерии или чудо од масло. Тоа е чајното дрво кое  во својата традиционална медицина го користат Абориџините. Австралијанците го користат за лечење на многу здравствени проблеми, па уште од  Втората светска војна им бил како лек против  убоди од инсекти и опасни инфекции.

Маслото од чајно дрво мора да го има дома секое семејство, токму поради  тоа што дејствува против габички, бактерии и вируси,претставува имуностимуланс и го зајакнува тонусот на мускулите. Чајното дрво се користи  за сите инфективни болести, за дишните инфекции, урогениталните инфекции, габичните инфекции на кожата. Ги убива сите три вида инфективни микроорганизми: бактерии, габички и вируси, и тоа е главната причини зошто некои го викаат „чудото од Австралија“. А  лекува и инфективни воспаленија на цревата, депресија, анксиозност и хроничен замор.

Превентивно ја штити кожата во терапии со зрачење. Особено е успешно за отстранување габички од ноктите, мозолчиња, акни, како и кондиломи и полови брадавици. Елиминира и непријатни мириси, како и многу други бактерии и микроорганизми, против кои антибиотици најчесто се немоќни.

Научниците тврдат дека чајното дрво можело да биде успешно и во борбата против меланом. Маслото од чајно дрво исто така се користи и во разни козметички препарати, сапуни, лосиони, шампони… Меѓутоа, треба да се биде внимателен при употребата на чајно дрво, бидејќи во големи количини може да предизвика иритација на кожата и слузокожата, особено кај лица склони на алергии.