Коронавирус: Денеска бројот на заболените во светот ќе надмине два милиона – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/20 5:54 AM

Коронавирус: Денеска бројот на заболените во светот ќе надмине два милиона

Според последните податоци од синоќа, бројот на заболените од Ковид-19 надмина 1.990.000 луѓе, од кои досега се излекувани 480.000, а починале 126.000.

Најмногу заразени има во САД – 604.000, од кои починале 25.000 (само вчера – 1.555). Во Шпанија заболени се околу 173.000 луѓе, а починати 18.000, Италија – 163.000 (21.000), Франција – 143.000 (16.000), Германија – 131.000 (3.300), Велика Британија – 94.000 (12.100)…

Од балканските земји, до вчера во Македонија беа регистрирани 908 заболени и 44 починати, во Србија – 4.465 (94), Хрватска – 1.704 (31), Словенија – 1.220 (56), Босна и Херцеговина – 1.084 (40), Косово – 387 (8), во Турција бројот на заболените се зголеми на 66.000, а на починатите на 1.403…