Утрово дождот ќе престане, а ќе продолжи да дува засилен северен ветер што ќе предизвика пад на дневната температура.
Таква е прогнозата на УХМР за денеска. Од утре затоплување и сончево. За време на викендот времето ќе биде сончево и топло со значителен пораст на дневната температура, која се очекува да достигне и до 27 степени.



