Во едно село на островот Јава регрутирале духови волонтери за да ги исплашат луѓето и да останат дома, но за некои тоа имало спротивен ефект. Индонезиските лидери бавно реагирале на пандемијата, па дури сега во главниот град Џакарта е наредено двонеделно затворање на канцелариите и забрана за собирање во групи, но се уште не им е наредено да останат дома, пишува „Гласот на Америка“.
Организирани се само информативни кампањи за дистанцирање и хигиена. Но, по проблемите кои ги имаше Кина, одредени заедници решиле да си ги превземат работите во свои раце. Знаејќи дека жителите на Индонезија сакаат страшни работи, не нашле подобар начин да ги сопрат луѓето да не излегуваат од дома, од плашење со духови.
Во селото Кепух регрутирале волонтери-духови за да шетаат низ улиците и да ги плашат.
-Ова е испланирано со намера да има застрашувачки ефект, рекол Anjar Pancaningtijas,шеф на селската група млади која соработувала со полицијата за да плашат луѓе.


