Чулев: Советникот во Ченто ги заплашувал полицајците говорејќи им дека е политичар – ММС
ММС

Објавено на: 04/14/20 9:13 PM

Чулев: Советникот во Ченто ги заплашувал полицајците говорејќи им дека е политичар

Еден од учесниците во синоќешниот инцидент во скопски Ченто е советник во Гази Баба од редовите на СДСМ и истото по приведувањето во Полициската станица Гази баба се обидело фактички да ги заплаши полициските службеници со тоа што кажал дека е политичар. Советникот им веле дека кон него не треба да има кривична пријава, вели министерот за внатрешни работи Наќа Чулев, во гостувањето на ТВ Алфа.

„Меѓутоа јас ги уверувам граѓаните дека додека сум јас министер за внатрешни работи, министерството ќе постапува неселективно и без разлика на било каква политичка припадност или позиција во општеството која што ја има одреден граѓанин, кон сите доследно ќе биде спроведуван законот.“ потенцираше Чулев.

Чулев кажа дека се поднесени кривични пријави кон сите три лица. Кон сите кои што го нарушија полицискиот час, собирајќи се на протест,  после нивното идентификување ќе бидат добијатсоодветни поднесоци во надлежното обвинителство

„Дел од нив веќе се идентификувани во денешниот ден се поднесени седум барања за истите да дојдат во полициска станица и кон нив ќе биде поднесена кривична пријава, а ќе се изврши идентификација и на другите лица и против нив согласно законот ќе бидат кривично процесиуирани. Законот  мора да биде неселективен“, рече Чулев