Маката ќе те натера на се: Маска за нуркање како медицински вентилатор, италијанските лекари во борба за секој живот – ММС
ММС

Објавено на: 04/14/20 8:33 PM

Маката ќе те натера на се: Маска за нуркање како медицински вентилатор, италијанските лекари во борба за секој живот

Лекарите во Италија вложија натчовечки напори  за да им помогнат на заразените. За лекување на најтешките случаи користеле респиратори, кои заради пандемијата ги немале доволно, а набавката одела тешко. Но, во вакви тешки времиња мора многу бргу да се мисли, бидејќи секој минута е важен за спасен живот. За да можат да помогнат на што повеќе пациенти , лекарите дошле на идеа маската за нуркање да ја претворат во медицински вентилатор.

Медиумите во Италија често пишуваат дека во лечењето со респиратори и вентилатори предност да им дадат на помладите од 60 години, бидејќи тие имале поголема шанса за да преживеат, што не важело сто за постарите. Но, за да спасат што повеќе луѓе почнале да користат маски за нуркање, на кои со додавање на специјален вентил направен со 3-де стап, го преправиле во медицински вентилатор.  Оваа идеја прво почнаа да ја користат Италијаните а веќе почнаа да ја практикуваат и лекари низ Европа, за да можат пациентите непречено да добиваат свеж воздух, пренесува „Сан“.

Болницата „Еразме”  во Брисел стапила во контакт со инжинери кои им помогнале да направат свој вентил за маска вентилатор.

Фредерик Боније, респираторен психотерапевт во оваа болница, вели дека новите маски се користат за пациенти кои имаат повеќе респираторни проблеми.  Тој вели дека целта им е да го избегнат интубирањето на пациентот, бидејќи многу подобро за нив е да бидат на вентилатор.

Боније помагал во дизајнирањето на вентилот кој ги спојува нуркачката маска со машината, која пумпа кислород во белите дробови на пациентот кој отежнато диши поради воспалението предизвикано од вирусот.  Кислородот ги спречува белите дробови да престанат да работат, бидејќи го регулира вдишувањето и издишувањето, како и исфрлањето на карбон диоксид.

Многу познати фирми кои се занимаваат со производство на спортска опрема дале свој придонес со донирање на маски, кои се преправени во вентилатори.

Фото: Твитер