Вечерва, онлајн премиера на балетскиот спектакл „Клеопатра“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/14/20 5:19 PM

Вечерва, онлајн премиера на балетскиот спектакл „Клеопатра“

Вечерва со почеток во 20 часот на официјалниот Јутјуб канал на Националната опера и балет  ќе се случи светската онлајн премиера на балетскиот спектакл „Клеопатра“ .

Балетот е грандиозна постановка, разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет. Кореограф е балетскиот мајстор Василиј Медведев (Русија).

Кореограф е балетскиот мајстор Василиј Медведев (Русија), музика на Нерија Цепаите Голдберг (Литванија), диригент: Бисера Чадловска, сценограф и костимограф: Павол Јураш (Словачка), Либрето: Јана Темиз (Турција), асистент кореограф: Станислав Фечо (Чешка)

Во претставата настапуваат : Во улогата на Клеопатра- Александра Мијалкова,  Цезар- Васил Чичијашвили (Грузија), Марк Антони- Бобан Ковачевски, Октавија- Марија Кичевска Шокаровска, Змија- Мими Поп Алексова Атанасовска, Октавијан- Киро Павлов, Аполодор- Дојчин Дочев (Бугарија)…

Ова е линкот на кпј можете да ја гледате.

 

https://www.youtube.com/user/makoib