Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција информираше дека со коронавиирусот е заболен еден лаборант од Универзитетска клиника за Детски болести, како и дека е завршена постапката за набавка на респиратори и дека првите седум од 31, треба да пристигнат во земјата за седум дена додека останатите во текот на следните 30 дена.
Филипче рече дека вработениот на Детската клиника користел целосно заштитна опрема и дека и покрај тоа во изолација се ставени лицата кои работеле непосредно со него односно четворица од 18. Според него, лаборантот немал контакти со пациенти. Побара време да се заврши анкетата до утре, а потоа да даде дополнителни ифнормации. Исто така рече дека ќе провери дали е точна информацијата дека лаборантот заболел од коронавирус од мајка во болницата била со своето дете.
Во однос на набавката на респираторите, тој рече дека завршила постапката за набавката на респиратори и оти од девет пријавени економски оператори две ги задоволувале критериумите.Ќе бидат набавени 31 респиратор од кој седум треба да пристигнат за седум дена, а останатите во текот на следните 30 дена.
Стабилна е состојбата со двете мали деца заболени со коронавирус, четиримесечното бебе и 2,5 годишното детенце.