Виртуелна прошетка низ ботаничката градина на лалето (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 04/14/20 2:55 PM

Виртуелна прошетка низ ботаничката градина на лалето (ВИДЕО)

Прошетките низ цветните паркови е благодет кој го нуди пролетта како годишно време. Еден од најпознатите такви атракции е ботаничката градина Кеукенхоф, интернационален парк за цвеќиња во Холандија кој датира од 1949 година.


Сместен на крајбрежјето на градот Ласе, помеѓу Амстердам и Хаг, Кеукенхоф е најголема градина на светот која содржи 800 видови на лалиња, по што е и познат овој регион. Локалитетот е исто така насаден со полиња со зумбули, нарциси и ириси.


Повеќе од седум милиони цвеќиња цветаат секоја пролет на повеќе од 32 хектари земја, правејќи го Кеукенхоф најпосакуваната дестинација за сите љубители на цвеќињата.


Паркот секоја година има тематско уредување, а целата убавина на амбиентот ја дополнува старата повеќе вековните стебла, шарени смреки, канали, водопади и фонтани.


Ова живописно место е отворено само осум недели годишно, а за тоа време го посетуваат преку 800.000 посетители.


Инаку, лалето во Холандија пристигнало во времето на Отоманското царство, денешна Турција во текот на 16 ти век. Подоцна во 1857 година во Холандија донесено е решение за надгледување на трговијата со ова цвеќе.

Започнале да го одгледуваат наменски, не само лалето, туку  и нарциски, збумбули и други луковито цвеќе. На тој начин создадени се околу илјада светни орнаменти кои подоцна послужиле за создавање величенствени паркови, а цвеќето почнало да се извезува.