Загина возач во сообраќајна незгода во близина на Кичево – ММС
ММС

Објавено на: 04/14/20 12:08 PM

Загина возач во сообраќајна незгода во близина на Кичево

Возач почина во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај место викано „Сатеска“, информираат од МВР.

Според МВР во несреќата учествувале автомобил „Астра“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.А.(32) од с.Зајас и „Хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(58) од Скопје. Во незгодата В.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, каде починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Кичево.