Како да бидеме смирени во состојба на стрес, вежби од Фани Христова, инструктор по јога на универзитетот “D’vine Yoga” во Индија – ММС
ММС

Објавено на: 04/14/20 11:04 AM

Како да бидеме смирени во состојба на стрес, вежби од Фани Христова, инструктор по јога на универзитетот “D’vine Yoga” во Индија

На луѓето кои се научени на движење, тешко им паѓа седењето дома. Во овој момент ги води една мисла, а тоа е како да го искористиме тоа за физички и психички вежи. Фани Христива, сертифициран инструктор по јога на универзитетот “D’vine Yoga” во Индија, вели дека секој од нас може да си посвети време, ако не повеќе, барем да ги научи техниките на дишење, кои во голема мера го намалуваат стресот.

– Пред да почнам да го објаснувам  за добробитот од јогата ќе ја кажам мислата на големиот јога учител  B. K. s Iyengar, во која вели “Breath is the king of mind”. Со оглед на тоа што се соочуваме со пандемија, затворени во нашите станови, куќи, ограничени во движењето, кај многумина стравот и анксиозноста за жал се секојдневие.  Во овај период она што ни е од најголема помош  е да останеме смирени, свесни за ситуацијата во која се наоѓаме, па место да го претруповаме умот со повеќе од потребни информации за вирусот, кои внесуваат дополнителна анксиозност, треба да се свртиме кон себе. Место време поминато во страв и паника, можете да го искористите ова време грижејќи се за менталното здравје, и за подобрување на имунитетот, вели Фани.

И покрај тоа што можеби никогаш не сте имале час по јога, сега е одлично време да ги научите јогиските вежби за дишење кои ќе ви бидат од голема помош.

-Мислите се рефлектираат на нашето дишење. Кога сме вознемирени дишењето ни е неправилно, забрзано проследено со краток здив, за разлика од кога сме опуштени, релаксирани, тогаш дишеме лесно и длабоко.  Контролата на дишење може да го доведе умот во потполна смиреност, состојаба на мир и хармонија меѓу телото и умот. Техниките за јогиско дишење – пранајама, го зголемуваат новото на кислород во мозокот. Со многу направени студии и истражувања потврдено е дека техниките за дишење го зајакнуваат имуниот систем, ја смалуваат напнатоста во мускулите, го ублажуваат стресот, ја регулураат количината на јаглеродиоксид во мозокот што влијае на рецепторите одговорни за болка и регулација на температурата на телото.

 

Една од пранајамите, техниките за јогиско дишење е- „Ujjayi pranayama“ или (победничко дишење) која за нас јогистите е примарна или основна техника за дишење, вели таа и за ММС се обиде со збор да објасни, како треба да ја изведеме таа вежба.

Победничко дишење

*Заземете комфорна седечка позиција, доколку не практикувате јога и лотус положбата со прекрстени нозе ви е неприродна, доближете се до ѕид или седенете на столица. Она што е најважно во текот на целата вежба за дишење е вашиот р’бет да е прав.

*Пред да започнеме со ова дишење, мало објаснување. Вежбата ќе ја првите со одбројување. Вдишуваме на нос контрактирајќи ги затегаме мускулите на грлото, произведувајки звук, како шум-хааааа. Броиме во себе до 6 дозволувајки на здивот полека да влегува во белите дробови, потоа го задржуваме воздухот броејки до 2 и полека издишуваме броејки до 6, правејки го истиот звук -хаааа- (како да замаглуваме огледало)

* Исправете го рбетот, вратот, рамениците.  Затворете ги очите, и вдишете длабоко низ носот, и издишете длабоко низ уста.  Повторете уште еднаш. Длабоко вдишување на нос, и длабоко потполно издишете низ уста.

„Yajai“- Уџаи техниката

Вдишувајќи на нос започнете со свесно. Броиме во себе  1,2,3,4,5,6, потоа задршка на здивот 1,2, и издисуваме до 6-значи 1,2,3,4,5,6, па повторно го задржуваме здивот 1,2. Повторно вдишуваме и броиме. Оваа вежба на вдишување и издишување ја повторуваме 8 пати. На крајот од вежбата после последното издишување, полека отворете ги очите, опуштете ги мускулите околу грлото, вратот, рамениците. Вдишуваме длабоко низ нос и издишуваме длабоко низ усна. Повторуваме уште еднаш длабоко вдишуваме низ нос и издишуваме низ уста. Оваа техника нема да ви одземе повеќе од 10тина минути, а ќе ви донесе голем бенефит во зајакнување на имунитетот, и ослободување од анксиозната состојба на вознемиреност.