Целиот свет со нетрпение очекува вакцина против коронавирусот и секоја вест дека е постигнат некаков напредок со радост се дочекува, а големите сили се натпреваруваат кој прв ќе ја направи.
Кина денеска одобри почетна фаза на тестирање врз луѓе на две експериментални вакцини против новиот коронавирус. Вакцините се развиваат во компанијата „Синовац бајотек“ и во Институтот за биолошки производи во Вухан, подружница на кинеската државна фармацевтска групација, јавува „Хсинхуа“.
Кина во март доби зелено светло за второто клиничко тестирање на кандидати за вакцина против коронавирусот, која ја развија кинеската Воена академија за медицински науки и фирмата за биотехнологија „Кан сино био“, откако малку пред тоа американскиот производител на лекови „Модерна“соопшти дека почнал со тестирање на вакцина врз луѓе.


