Јужна Италија: Се јави мафијата, сака да им „помогне“ на осиромашените граѓани – ММС
ММС

Објавено на: 04/14/20 8:35 AM

Јужна Италија: Се јави мафијата, сака да им „помогне“ на осиромашените граѓани

Италијанската мафија им дели храна на сиромашните семејства што се во карантин а останале без пари, предупредуваат тамошните власти. На почетокот на излолацијата луѓето пееја и свиреа од терасите и ја испраќаа пораката „Се’ ќе биде во ред“. Но, песната стивнува и има се’ повеќе знаци на социјален немир зашто значинелен дел од населението, особено на сиромашниот југ, сфаќа дека се’ не е во ред.

Луѓето  на почетокот можеби се обидоа да го сочуваат ведриот дух, но сега мислите им се вратија на горчливата реалност“, вели Масимилијано Перари, професор на Универзитетот Луис.

Во изминатите денови се појавија слики на познати мафијашки банди како делат делат основни прехранбени и хигиенски артикли на Италијанци кои се тешко погодени со епидемијата во најсиромашните региони – Кампања, Калабрија, Сицилија, пишува „Гардијан“.

Весникот потсетува дека практиката на делење пакети со храна е стара колку и мафијата, која на почетокот не бара ништо за возврат.

„Мафијашките босови ги гледаат градовите во кои живеат како свои поседи. Тие добро знаат дека, ако сакаат да владеат, мора да се грижат за луѓето на ’својата’ територија. Тие тоа и сега го прават користејќи ја ситуацијата за своја полза. Во очите на луѓето, босот кој ќе им тропне на врата и ќе им понуди бесплатна храна го сметаат за херој. А босот знае дека ќе дојде време да смета на нивна поддршк., На пример, кога мафијата спонзорира избор на политичари кои дополнително ќе ги унапредат нивните криминални интереси“, вели Никола Гратери, шеф на Обвинителството во Катанцаро.

Се стравува и оти мафијата сегашната ситуација со пораст на сиромаштвото може да ја искористи за регрутирање луѓе во своите редови.