Коронавирусот го стави светот во карантин. Дури и кога пандемијата ќе заврши, многумина ќе задржат некои од „вонредните“ навики и ќе бидат внимателни на повеќе работи, па дури ќе има и извесни културолошки поместувања. Еве некои навики, а можеби и придобивки од корона-времето, што ќе ни’ останат, пренесеуваат некои медиуми од Балканот.
Ракувањето, прегрнувањето и бакнувањето со познати и особено со помалку познати, кое во последните години беше во замав, ќе се оретчи. Поздравот сега може да биде со климање глава, ставање рака на срцето и слично.
Во иднина може да се очекува на јавните места да има повеќе средства за дезинфекција, институциите подобро и побрзо да одговараат на барањата на клиентите, да се промени односот кон рестораните, фирмите полесно ќе им овозможуваат на вработените работа од дома, луѓето почесто ќе избгнуваат метежи, почесто ќе миеме раце, ќе бидеме повнимателни кон другите, образовните институции ќе бидат поподготвени за учење од далечина…


