Познатата пејачка Слаѓана Милошевиќ, која на времето со Дадо Топиќ го испеа евергринот „Ти се принцеза“ кон крајот на минатиот месец го пријави својот прилично помлад партнер за насилство. Српските медиуми тогаш пишуваат дека на полицијата изјавила дека „прво дошло до вербална расправија а потоа и физичко насилство. Грубо ја турнал во бањата и таа паднала врз машината за перење и тоалетната школка. Расправата продолжила, тој повторно ја турнал, па паднала преку кадата и се удрила“. Приведен е веднаш откако на пејачката и се утврдени полесни телесни повреди.Тој го негираше насилството, тврдејќи дека не се во врска туку дека само повремено се гледаат за секс, но сепак, изречена му е забрана за приоѓање во нејзина близина. Слаѓана молчеше, но сега реши за српските медиуми да прозбори за насилството, велејќи дека не сака да биде жртва.
– Се случи она што се очекуваше кога е во прашање жена, која цврсто стои на своите ставови, на граѓанските и моралните права. Мажите не прифаќаат рамноправност на жената во партнерските односи, што е посебно присутно во длабоко патријархална средина, како што е нашата. Ваквиот родов однос се смета за последен бастион на неприродната машка доминација во развиениот свет. Застареното размислување оди толку далеку , па жената и децата во свеста на тукашните мажи се уште смета за нивна своина, изјавила таа за “Глорија” и додала:.

– Мојот партнер, како и повеќето мажи, смета дека негово право е за се сам да одлучува, да планира и за двајцата и да ужива во сите слободи кои сам на себе ќе си ги додели. Нашата врска под ваков притисок беше се позатегната. Таа вечер тој изрази желба своите принципи да ги зачува преку насилство. „Правото“ да доминира и сам да ги донесува одлуките го оствари по насилен пат. И понатаму сум изненадена со силата на насилство врз мене, поради нешто што не би смеело да биде позначајно од заедничката доверба и лична среќа – објаснила пејачката.
Таа изјавила и дека физичкото насилство е зло, но е уште поголемо ако со тоа зло ја издадеш љубовта.
– Мажот, во овој случај, мојот маж, жената ја гледа како свој имот а себе се поставува над законот и над емоциите на жената. И неговото сведочење беше насилно, невистинито и навредливо, бидеќки кога се зборува за жената, неопходно е почитување на нејзините човечки и интелектуални вредности. Мажот кој валкано се бори со послаба жена никогаш не предизвикувал почит кај мене. Не се согласувам на улогата на жртва. Можам да бидам само жртва на моите принципи. Никогаш не потклекнав пред барањата, не отстапувам од личниот интегритет, рекла Слаѓана.
Фото: espreso.rs


