Apple и Google развиваат технологија која ќе предупредува на коронавирус – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/20 2:26 PM

Apple и Google развиваат технологија која ќе предупредува на коронавирус

Apple и Google заеднички развиваат технологија која би требало да ја предупреди личноста дека неодамна дошла во контакт со некој за кој подоцна било утврдено дека е позитивен на коронавирусот, објави BBC.

Нивната метода ќе делува така што ќе се користи сигналот на Bluetooth на паметните телефони на кој ќе се покаже со кого сопственикот неодамна бил во контакт, доволно долго и блиску за евентуално да се зарази.

Ако за некој од луѓето со кои бил во контакт подоцна се покаже дека бил позитивен на коронавирусот, на сопственикот на телефонот ќе биде испратено предупредување.

Приватноста од огромно значење

Нема да се снимаат податоците за GPS локации или лични податоци, велат од компаниите.

„Приватноста, транспарентноста и согласноста се од најголема важност во овој проект и се радуваме што ќе го градиме во консултација со заинтересираните учесници“, велат од Apple и Google во заедничкото соопштение.

„Отворено ќе ги објавиме информациите за нашата работа, за другите да можат да ги анализираат“.

Извор: denar.mk