Искршени 62 гроба во Камник во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/20 12:54 PM

Искршени 62 гроба во Камник во Скопје

Дури 62 гроба биле искршени на гробиштата во Камник во Скопје.  Инцидентот се случил минатата недела, а бил пријавен во во четвртокот изутрината. Поради продолжениот полициски час, вработени во АД „Бутел“  дури денеска земаат изјави од оштетените граѓани. Оние кои нема да се појават на лице место ќе бидат известени преку пошта.

Граѓаните чии гробни места се сквернавени велат дека во минатото имало кражби на огради и старо железо, но прв пат се случува  гробови да бидат искршени.

 

Извор: sitel.com.mk