Како мала имала „клемпави“ уши, сега и се поклонуваат на најубавата жена на светот, Алесандра Амброзио го прослави 39 роденден – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/20 10:01 AM

Како мала имала „клемпави“ уши, сега и се поклонуваат на најубавата жена на светот, Алесандра Амброзио го прослави 39 роденден

Една од најпознатите светски манекенки во саботата го прослави 39 роденден и се уште изгледа како да е тинејџерка. Убавицата, стана најпозната по титулата „Викториин анѓел“, која ја носеше дури 13 години, се пензионираше во  2017. година. Таа украси над 70 насловни страници на модните магазини а на сите топ листи завршуваше како најубава и најсекси.

И покрај убавината таа долго време имаше проблем со самодовербата, пред се заради „клемпавите“ уши, но кога имала 11 години направила операција, по која имала многу здравствени проблеми. Токму затоа денес постојано предупредува за последиците од естетските корекции на децата. Враќањето на самодовербата и го должи на манекенството. Кога станала модел на 14 години не ни сонувала дека ке биде најдобра во Бразил, а потоа и во целиот свет.

Покрај убавото лице, таа е позната и по долгите нозе, затегнатото тело, што е нормално бидејки внимава што јаде и редовно тренира. Вели, дека сака да плива, да игра одбојка на песок и јога.

Извор: srbijadanas.com