Синоќа полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(24), бидејќи околу 23.15 часот на ул.„Бигла” во Скопје, при семејна расправија, со нож му нанел повеќе убодни рани на својот татко С.А.(55), од кои тој починал. По документирање на случајот, против Д.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од полицијата.
Неофицијално, С.А., откако бил ранет, се упатил кон болницата „Мајка Тереза“, но стигнал само до нејзиниот влез.


