Холивудскиот актер Том Хенкс (63) е во улога на водител во хумористичната серија „Saturday Night Live“ и на духовит начин раскажал како изгледало неговото лечење од коронавирусот и каков му е животот сега.
– Не се грижите, избриченава коса ми е заради улога, а бавно расте. Многу е убаво да се биде овде, но исто така е чудно да бидеш водител од дома. Чудно време е за шега, но да се обидуваш да бидеш смешен е поентата на шоуто, рекол тој на почеток на емисијата.
Хенкс објаснил дека луѓето во негово присуство не знаеле како да се однесуваат.
– Никој не сака да биде покрај мене многу долго, на луѓето им е незгодно да бидат покрај мене, рекол тој.
Актерот ги пофалил лекарите во Австралија, кои му помогнале , каде и му беше дијагностициран корона вирусот. Тој и сопругата Рита Вилсон (63) сега се дома во САД и повторно се изолирале.
– Овој костум е прво нешто што сум облекол а да не е тренерка уште од 11 март. Сопругата ми помогна да го облечам, бидејки заборавив како функционираат копчињата – се пошегувал Том.
Том Ханкс и неговата сопруга беа меѓу првите кои се заразија од коронавирусот. Нивната борба и опоравување јавноста ја следеше цел месец, а потоа јавија дека се негативни.
Извор: 24sata.hr