Забраната за движење во изминатото деноноќие (12-13 април) на целата територија на државата не ја почитувале 172 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од нив, приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Како што соопшти МВР, нови решенија за изолација не се издадени, а 253 лица потпишале изјави за самоизолација.
Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација при што нема евидентирани кои не ги почитувале мерките.
MИА