Најмалку шест луѓе загинале во силното невреме на југот во Мисисипи, на југот на САД, во кое се оштетени повеќе од 300 куќи и една зграда на северот од Луизијана.
Националната метеоролошка служба соопшти дека силниот ветер минал и низ другите делови на Мисисипи. Регистрирани се и локални торнада.
Гувернерот на Мисисипи, Тејт Риверс, прогласи вонредна состојба во државата бидејќи е погодена и од неколку торнада, јавуваат американските медиуми.


