Србија: Аптекарот Бахтијари ја симна маската и стана херој – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/20 7:03 AM

Србија: Аптекарот Бахтијари ја симна маската и стана херој

Зулфер Бахтијари, 35-годишен аптекар, пред неколку дена, како што пренесуваат медими од Србија, му спасил живот на непозант човек од Белград, давајќи му вештачко дишење на улица, без притоа да се двоуми дали да ја извади својата заштитна маска и да се впушти во ризик, поради што добива пофалби од сите страни.

„Наутро, околу 7.15 часот, влезе човек во аптеката и панично рече да му помогнам на непознато лице во близина, кое паднало на улицата. Веднаш истрчав и видов еден господин како лежи на тротоар. Лицето му беше крваво, се удрил од рабникот, се бореше за живот. Беше престанал да дише, му беа престанале и отчукувањата на срцето. Почнав постапка за оживување, која подразбира и масажа на срцето, вештачко дишење. Не се двоумев да си ја симнам заштитната маска. Тие моменти беа страшни. Имам теоретски познавања, но никогаш не сум правел реанимација во реална ситуација“, раскажува Бахтијари за „Танјуг“.