Време: Денес сончево, до 25 степени, утре заладување со дожд, а некаде и со снег – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/20 5:50 AM

Време: Денес сончево, до 25 степени, утре заладување со дожд, а некаде и со снег

Денеска, според прогозата на УХМР, времето ќе биде сончево и топло со максимална температура од 25 степени.

Под влијание на влажен бран, утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и во вечерните часови, кога на места ќе имаат пообилен карактер. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините да има и на некои повисоки места. В среда ќе биде претежно суво, ќе дува засилен северен ветер што ќе услови пад на дневната температура.
Од четврток следува период на сончево и топло време, а за викендот максималната температура се очекува да надмине 25 степени.