Англичанката Сем Халмс на своето возило нашла порака, која била адресирана за „себична личност“, која е „дел од проблемот“ во време на пандемија.
“Те гледам секој ден заминуваш со автомобилот. Не носиш униформа, значи потполно е јасно дека непотребно го напушташ домот. Ти си дел од проблемот. Остани дома, заштити ја нашата земја и Националната здравствена служба. Пријавена си“, и напишал некој порака.
Пораката од соседот на која се смеат сите
Но, лутиот сосед очигледно не знаел дека „себичната личност“ работи токму за Националната здравствена служба и сосема оправдано излегува од дома.
Сем решила да не му остане должна на соседот, па на Фејсбук ја споделила пораката а со тоа го привлекла вниманието на англиските новинари.
“Вообичаено не ставам приватни работи на социјалните мрежи, но се надевам дека оваа објава ќе дојде до идиотот кој ми ја оставил на автомобилот”, напишала таа и објаснила дека работи за Националната здравствена служба и секој ден помага и дека нема потреба да носи заштитна опрема и униформа додека не е на работа.
“Ако оваа порака дошла до тебе се надевам дека ќе се чувствуваш како будала и дека два пати ќе размислиш пред следниот пат да го пикнеш носот во туѓи работи”, напиша Сем .