Вечерва со почеток во 19 часот италијанскиот тенор Андреа Бочели ќе одржи концерт во живо во празната катедрала Дуомо во Милано. Концертот,кој ќе биде без публика, е насловен „Музика за надеж“ и претставува негова порака на љубов, надеж и поддршка за лекување на заболените од Корона вирусот.
– Нема тоа да биде концерт, туку прилика сите заедно да се молиме преку музиката, пеењето може да биде еден вид молитва тоа е мојата намера, мојата радост- да се молиме заедно, изјавил тој на неколку часа пред концертот за италијанските медиуми.
Ариите кои сигурно ќе звучат поинаку и многу повеќе потресно од било кој негов настап на светските сцени во празната катедрала, а ќе бидат изведени „Аве Мариа“ Бах/ Гоунод, „Санта Мариа“- Масканји, „Домине Деус“- Росини, која се смета за христијанска химна, е само дел само дел од репертоарот кој е планиран за вечерва.
Љубителите кои низ музика, кои заедно со него сакаат да се молат за надеж концертот може да го проследат на овој линк:
Фото: corrieredellumbria.corr.it