Прават пауза за цигара и со истата заштитна опрема работат со пациенти, објасни др. Караџовски на видео-сесијата, зошто медицинскиот персонал се заразува од Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/20 3:28 PM

Прават пауза за цигара и со истата заштитна опрема работат со пациенти, објасни др. Караџовски на видео-сесијата, зошто медицинскиот персонал се заразува од Ковид-19

Докторот Жарко Караџовски на денешната видео-сесија рече дека дел од медицинскиот персонал самиот си е виновен што се заразил со Ковид-19 заради неправилното носење на заштитната опрема.

-Ние на Клиника веќе имавме обука а сега ќе се направи и низ градовите.  Зашто дел од медицинските лица заболуваат бидејќи не знаат да ја користат заштитната опрема и прават пауза за цигари, па ја користат истата опрема.Правилно користење на заштитна опрема означува правилно облекување и уште поправилно вадење и соблекување. Патувам низ целата држава последниот месец и лично се уверив дека на некои места има непочитување на протоколите за правилно користење на заштитната опрема. Лицата со заштитната опрема прават пауза за цигара и користат иста заштитна опрема пред да работат со пациенти. Или пак несоодветно ја вадат бидејќи има редослед по кој се вади и става, објасни Караџовски.