Во Црна Гора уапсен митрополитот Амфилохије – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/20 1:49 PM

Во Црна Гора уапсен митрополитот Амфилохије

Поглаварот на Српската православна црква во Црна Гора, Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, денеска бил приведен во центарот за безбедност во Подгорица. Српските медиуми информираат дека митрополитот бил приведен по неговата служба во црква во населбата Златица во Подгорица.

– Митрополитот е во Центарот за безбедност во Подгорица. Тој беше приведен по службата, за време на која владееше вистинска опсада пред светото место. Неколку свештеници од храмот на Христовото воскресение се исто така уапсени. Очигледно, ова е демонстрација дека во Црна Гора почнува да се применува Законот за слободата на вероисповед –рекол за „Вечерње новости“ еден од свештениците, кој бил присутен на настанот.

Медиумите претпоставуваат дека причината е што во беседата по читањето на Евангелието, рекол дека Христовото распнување трае низ вековите, па и во нашите денови.

Српската православна црква редовно организира протести во црногорските градови поради спорниот Закон за вероисповед. СПЦ инсистира на тоа дека целта на таквата регистрација е нејзино понижување и дека владата се обидува да го експроприра нејзиниот средновековен имот, вклучително и цркви, манастири и земјиште.

Владата на Црна Гора тврди дека законот има намера да ја доведе во ред евиденцијата на имотот на верските заедници.

Фото: novosti.rs