Пронајден мртов маж во Кочани, се испитуваат причините за смртта – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/20 1:21 PM

Пронајден мртов маж во Кочани, се испитуваат причините за смртта

Маж на возраст од педесетина години претпладнево е пронајден мртов во неговиот дом во Ромското Маало во Кочани. Починатиот живеел сам, а случајот во полиција го пријавиле соседите, по што набргу пристигнале полициски и медицински екипи, а известено е и Основното јавно обивнителство.  Констатирано е дека врз телото нема траги на насилство, а лицето имало срцеви проблеми.

Во моментот се врши увид и се очекува да се земе брис за утврдување на присуство на коронавирусот. Од Кризниот штаб на Кочани го потврдија случајот, а повеќе информации од официјалните служби се очекуваат во текот на денот.