Спасовски го честиташе Велигден на верниците од Католичката црква – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/20 9:34 AM

Спасовски го честиташе Велигден на верниците од Католичката црква

Еден од најсветлите празници годинава го славиме во изолација како подвиг на секој од нас пред искушенијата кои на светско ниво ги донесе пандемијата на коронавирусот Ковид-19, рече претседателот на Владата, Оливер Спасовски во писмо до бискупот скопски и апостолски егзарх на Католичката црква во нашата земја, монсињор Киро Стојанов, со кое нему и на верниците од католичката вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.

Тој речеи дека „овој празник го означува крајот на патувањето низ страдањата Христови“, потенцирајќи дека „од нас годинава се очекува да понесеме саможртва за доброто на сите овие денови да ги славиме во изолација за да се заштитиме себеси и ближните“ и „во мирот и спокојството на домот да ја победиме смртта и да преминеме во нова иднина“.

– Со воскреснувањето на Исус Христос, се случи нешто навистина ново, нешто што ја промени состојбата на човештвото и светот и стана сила на надеж за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда, нагласи Спасовски.

Премиеротј потенцираше дека годинава „се соочуваме со непознат и моќен непријател, кој ги искушува нашиот и животите на нашите блиски“, но изрази и уверување „дека од празникот со кој ја славиме победата над смртта сите ќе излеземе посилни и подобри“.

– Христос воскресна! Навистина воскресна! Останете дома!“, пишува во честитката на премиерот Спасовски до монсињор д-р Киро Стојанов  и до сите верници на Римокатоличката Црква по повод Велигден.