Нов земјотрес со јачина од 2 степени утрово ја стресе Албанија. Епицентарот бил на 20 километри од градот Корча. Потресот бил на длабочина од 7 километри. Корча се тресеше и вчера со земјотрес од 3.3 степени, на длабочина од два километри.
Посилен земјотрес имаше на грчкиот остров Крит со 4.9 степени според Рихтер, на 104 километри од главниот град Ираклион.