Докажано е дека белите јајца подобро се бојадисуваат од жолтеникавите. Но, можете и нив да ги избелите, ако во продавница не сте успеале да купите. Дознајте како од обични јајца да направите бели и совршено да ги бојадисате за Велигден. Особено првите три кои по традиција се бојадисуваат исклучиво во црвена боја во четврток во рани зори.
Потребно е: 1 чаша алкохолен оцет, 1 чаша вода, јајца
Прелијте ги јајцата со водата и оцедот и ставете ги да се варат на умерена температура. Кога водата ќе почне да врие, намалете ја температурата на најслабо а доколку е потребно тргнете ја пената. Оставете јајцата да се варат уште 10 минути. После 10 минути варење изладете ги со студена вода. Потоа се подготвени за бојадисуваше и украсување.
Извор: srbijadanas.com