Од Турција донирани матични ќелии за спас на двегодишно дете во Италија – ММС
ММС

Објавено на: 04/11/20 8:31 PM

Од Турција донирани матични ќелии за спас на двегодишно дете во Италија

Се’ почнало на 14 март, од апелот за помош упатен од генералниот директор на Националниот центар за трансплантација на органи при италијанското Министерство за здравство упатен до турските власти. На двегодишно дете од Италија му било итно потребно пресадување на матични клетки. По пребарувањето на меѓународните банки на матични ќелии, утврдено е дека единствено во Турција постои соодветен донатор за детето, на кое му е потребна трансплантација на матичните ќелии.

Веднаш било одговорено и време на забрани за одвивање на авиосообраќајот и другите слични ограничувања, турското Министерство за здравство покрена редица активности за да му се помогне на детето од Италија.

Преку Центарот за матични ќелии во Турција пронајдени се соодветни матични ќелии, избран е  аеродромот Ататурк за пренос на матичните клетки.

Откако е утврдено дека членовите на тимот од Италија се негативни на Ковид-19, на аеродромот е обезбедена изолирана просторија за да се одвива предавањето на матичните ќелии.Ќелиите му се предадени на Симоне Баглиани, членот на тимот кој допатува од Рим.

Авионот без потешкотии успешно ги транспортирал ќелиите во Рим и ги предал во болницата во која ќе биде извршена транспантацијата.

Николета Сачи, шефицата на италијанскиот Регистар на донатори на коскената срж, реч дека турската страна ќе ја информираат за исходот од трансплантацијата.

„Никогаш нема да ја заборавиме помошта на Турција во овие тешки времиња”, рече Сачи.

Таа упати благодарност до Министерството за здравство на Турција и на другите институции кои помогнале во реализација на овој процес.

„Благодарни сме им на донаторите, вистинските херои. Благодарни сме ѝ на Турција и на донаторите”, истакна Сачи.

 

Агенција Анадолија