Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ги испитува извештаите на некои пациенти со Ковид-19 кои повторените тестови се позитивно, откако оздравеле и се сметаат за негативни по два последоватени негативни тестови, пренесе Ројтерс.
Властите на Јужна Кореја соопштија дека 91 пациент, за кои веруваат дека се ослободиле од новиот коронавирус, имаат позитивни тест. Јонг Јонг-Кионг, директор на Центрите за контрола и превенција на болести во Кореја, на брифингот рече дека вирусот можел да биде „реактивиран“.
СЗО со седиште во Жeнева појаснува дека тие се свесни за овие извештаи и работат напорно за да добијат повеќе информации за овие индивидуални случаи.
„Важно е да се осигураме дека правилно се следат процедурите при собирање примероци за тестирање на сомнителни пациенти“, се вели во соопштението на СЗО.
Според упатствата на СЗО за клиничко управување, пациентот може да биде отпуштен од болница по два последователни негативни резултати кај клинички опоравен пациент во рок од најмалку 24 часа.
Врз основа на тековните студии, постои период од приближно две недели помеѓу почетокот на симптомите и клиничкото закрепнување на пациенти со лесна болест Ковид-19.
„Свесни сме дека некои пациенти се позитивни за ПЦР откако биле клинички опоравени, но ни треба систематско земање примероци на закрепнените пациенти за подобро да разбереме колку долго шират жив вирус“, се вели во извештајот.
Јужнокорејските експерти велат дека не е јасно што стои зад овој тренд, при што сè уште се водат епидемиолошки истражувања.


