Папата Франциск, жртвите од фронтот COVID-19, медицинските работници, ги изедначи со жртвите на фронтот. Во оваа група ги вброи и свештениците кои биле заразени и ја изгубиле битката со вирусот додека се грижеле за други болни и на умирање.
Тие денес се распнати, умираат во љубов, изјави Светиот Отец за италијанската телевизија РАИ Уно.
Ова не е прв пат понтифот кај борците на „фронтот“ со болеста да ја испочитува нивната храброст и херојство.
Прославите на светлите христијански празници продолжуваат, но според новите правила за ограничување на пандемијата – нема публика, со ограничен број присутни, но се емитува на телевизија.
Папата Франциск ја започна Светата недела во неделата во празната базилика на Свети Петар и ги повика луѓето да ги олеснат страдањата на другите.
На неколку литургии, емитувани преку Интернет со безбедносни мерки, тој повика на смирение и грижа за другите.Патот на Крстот се одвиваше на плоштадот Свети Петар.
Папата беше придружуван од група од петмина затвореници од затворот Падова и група од пет медицински лица од Ватикан.
Од верниците од сите религии побара да не ги посетуваат храмовите, туку да следат преносите на медиумите. Но, и покрај повиците, околу 200 Италијани во едно мало место отидоа во храмовите на Велик Петок. На ова граѓаните почнаа да упатуваат протест на социјалните мрежи, по што црквата се извини дека немало начин да се вратат верниците назад.