Горначо Крстев е првиот градоначалник кој е позитивен на тестот за коронавирусот. Тој вели дека засега се чувствува добро, и нема симптоми на вирусот.
„Добро се чувствувам, јас , мојата сопруга и децата. Пред три дена децата направија тест, и девојката на мојот син, која излезе негативна. Засега немаме со сопругата никакви проблеми, ниту симптоми, имаме добра здравствена состојба, но мора да ги почитуваме препораките на Министертсвото за здравсто и дома сме во самоизолација“, вели градоначалникот на општина Чешиново Облешево, Горанчо Крстев за „Стадион“ во Канал 77.
Првиот контакт со починатиот бербер од Кочани кој беше позитивен на коронавирус, градоначалникот Крстев вели дека го имал на 23 ти март. Откако дознал дека берберот е позитивен на корона, тој и неговото семејство веднаш се самоизолирале. Првиот тест на градоначалникот направен во „Систина“ покажал дека е негативен на коронавирусот, а вториот во „Филип Втори“ констатирал дека има корона.
Вработените од општината под негов налог се во самоизолација, утринава негов соработник бил тестиран за корона и тестот покажал дека е негативен.
Крстев вели дека не може да биде сигурен дека преносител на вирусот во неговиот случај е берберот од Кочани.