Кој лобираше за помошта од збратимениот Нанчанг – Коце Трајановски или Град Скопје? – ММС
ММС

Објавено на: 04/11/20 12:00 PM

Кој лобираше за помошта од збратимениот Нанчанг – Коце Трајановски или Град Скопје?

По испраќањето на на 50.000 заштитни маски од збратимениот кинески град Нанчанг на Скопје, поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, јавно на својот фејсбук се заблагодари за, како што напишал Трајановски, „брзата реакција на неговото барање за донација“

-Во овие тешки моменти оваа донација е многу значајна за жителите на Скопје. Пријателите се препознаваат во вакви моменти. Се надевам дека амбасадата на Република Македонија во НР Кина, ќе стори се донацијата брзо да дојде во Скопје со што ќе прдононесе за намалување на последиците од корона вирусот“, пишва Трајановски.

Од друга страна, Град Скопје, раководен од Петре Шилегов, во соопштение пишува дека „Градот официјално со допис се обрати до збратимениот град Нанчанг и до амбасадата на НР Кина во Република Северна Македонија за евентуална помош и донација на медицинска опрема од збратимениот град. За таа намена, Град Скопје имаше интензивна комуникација со градот Нанчанг и амбасадата на Република Северна Македонија во НР Кина, како и со кинеската амбасада во нашата држава“.

-Не знаеме дали господинот Коце Трајановски ургирал до збратимениот град Нанчинг во НР Кина за добивање на заштитни маски, но ако навистина е така, Град Скопје ја поздравува неговата ангажираност. Ова не е време за политика и фалење, туку е време за човечка помош во овие критични моменти.Град Скопје во меѓувреме го организира и транспортот на донираната опрема, со цел истата што е можно побргу да стаса во нашиот град и биде од помош за надлежните градски и државни институции, пишува во соопштението на Град Скопје.