Алванеи Ксирихана, 15-годишник од племето Јаномами од бразилското село Рехаба, починал во четвртокот вечарта во болницата во Боависта, пишува „Гардијан“, а пренесува хрватски „Јутарњи лист“. По ова, во изолација се седумдесетина жители на селото и локалниот пилот, кој е идинствената врска со цивилизацијата на луѓето во тој предел.
Не е јасно како и од каде можело момчето да се зарази со коронавирус. Од племето се сомневаат дека тоа би можеле да бидат копачите на злато.
Карло Закуини (82), италијански мисионер, кој 50 години сработува со племето, сведочи дека тоа може да биде кобно и да ја истреби заедницата, потсетувајќи на страшните последици што племето ги имало при епидемиите пред 40 и 50 години.
„Тоа е како со булдожер да удрите во фабрика за стакло“, вели тој.
Бразилските здравствени власти соопштуваат дека засега помеѓу 850.000 припадници на автохтони народи што живеат во Бразил биле детектирани 24 лица заразени со коронавирус.
Се смета дека дури околу 20.000 нелегални копачи на злато работат само на подрачјето на племето Јаномами.