Австралија: Министер за култура си поднесе оставка – ја прекршил забраната одејќи во викендичката – ММС
ММС

Објавено на: 04/11/20 7:31 AM

Австралија: Министер за култура си поднесе оставка – ја прекршил забраната одејќи во викендичката

Министерот за култура на австралиската држава Нов Јужен Велс, Дон Харвин, си поднесе оставка откао е казнет со 1.000 долари бидејќи заминал во својата викендичка, со што ја прекршил забраната за патување.

Сега екс-министерот тврди дека тоа се случило пред да стапат на сила стриктните правила за ограничување на патувањата, но истакнува оти не сака неговиот случај да ја попречува Владата во борбата против коронсвирусот, пренесува АБЦ.

Во Австралија во текот на велигденските празници е забрането напуштање на домовите, освен за неопходни потреби. Во таа земја досега се потврдени 6.200 случаи на заразени со Ковид-19, од кои починати се 53 луѓе.