Сончево и топло со мала до умерена облачност, која ќе се зголемува попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.
Од утре попладне следува период со повремено зголемување на облачноста. Услови за локален дожд ќе има во недела попладне претежно во јужните делови, а ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер. Потоа, врнежливо во поголем дел од земјава ќе биде во вторник попладне и во текот на ноќта кон среда, кога ќе дува засилен северен ветер, а тоа ќе услови опаѓање на дневната температура во среда. В четврток стабилизација и повисока температура.