Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево ќе го има првиот собир во пресрет на баражот со Романија за пласман на Светското првенство идната година. Тренингот е во спортската сала Борис Трајковски, каде тренерот Раул Гонзалес ќе има шестдневна подготовка пред првиот натпревар со Романија кој ќе се игра во Скопје на 10 јуни.
Дел од ракометарите кои порано ги завршија клупските обврски изминатата недела веќе тренираа со селекторот во салата „Автокоманда“.