Лекар и медицинска сестра од гостиварската болница позитивни на КОВИД 19 – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/20 3:26 PM

Лекар и медицинска сестра од гостиварската болница позитивни на КОВИД 19

По речиси дваесет денови од првиот случај, во Гостивар се регистрирани два нови. Еден лекар интернист и уште  медицинска сестра се новите два случаи на ковид 19 позитивни. Потврди за новите случаи добивме од градоначалникот Арбен Таравари и директорот на болницата Јакуп Јакупи кои рекоа дека се запознати со последните резултати.

Засега е нејасно како медицинските лица дошле во контакт со вирусот, со оглед дека во општата болница „Др. Ферид Мурад“ на влезот се спроведува епидемилошка анкета и мерки за дезинфекција. Според директорот на болницата, неговите колеги биле асимптоматски, а се тестирале на лично барање.

Засега е неизвесно и какви мерки ќе се спроведуваат во интерното оддление, каде што лежат дваесетина пациенти со претежно кардиолошки дијагнози и интензивна нега. Одлуката за спроведување на дополнителни испитувања на двајцата лекари  медицинари и како ќе функционира интернистичкото одделение, треба да ја донесат медицинските власти.

з. г. м